Утринава е забележан голем чад во Скопје, позади СЦ „Борис Трајковски“, а од противпожарната служба велат дека станува збор за запален отпад, кој зафаќа помала површина, но е проблематичен за гасење.
– Се работи за градежен шут и отпад. Имаме три возила и осум пожарникари на терен. Не станува збор за голем пожар, зафаќа мала површина, меѓутоа е малку проблематична за гасење. Нема опасност за ништо – велат од пожарникарна.
Од МВР велат дека засега немаат добиено пријава за пожарот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.