Во пожарот во зградата „Папагал“ нема повредени, но неколку станови се оштетени

Пожарот што синоќа избувна  во зградата викана „Папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје е целосно изгаснат. Повредени нема, опожарен е еден стан, а неколку се оштетени.
Од Противпожарната единица на Град Скопје за МИА информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:30 часот. Противпожарната единица интервенираше со пет возила и 11 пожарникари кои прво го локализираа, а околу 23 часот и целосно го изгаснаа пожарот.
За среќа нема повредени. Станот во кој избувна пожарот е изгорен, а неколку соседни станови се оштетени. Според првичните сознанија, причина за пожарот била плинска боца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.