Цел кат од зграда изгоре денес околу 11 часот во Гевгелија. Во пожарот кој избувнал во станбена зграда на улица “Ристо Чавдаров“ е причинета само материјална штета и за среќа нема повредени. Според првичните сознанија, станарите од зградата веднаш и навремено биле евакуирани, но ветерот кој денес дувал во Гевгелија придонел пожарот брзо да се прошири на целиот кат.
Интервенцијата на ТППЕ од Гевгелија со сиот расположлив капацитет успеа да го локализира огнот да не ги зафати и подолните катови меѓутоа материјалната штета од пожарот очигледно е голема.
Причините за настанувањето на пожарот се уште се истражуваат.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.