Најмалку 38 луѓе загинале во пожар, во психијатриска болница во Раменско, 120 километри северно од Москва. Причините за пожарот сеуште не се познати, пренесуваат руските медиуми.Се верува дека во моментот кога пожарот избувнал во болницата имало 41 лице – 38 пациенти и тројца вработени кои успеале да се спасат, објави руското министерство за вонредни состојби.Министерството пренесе дека пожарот кој избувнал во текот на ноќта е изгаснат и дека досега биле пронајдени 12 тела.На прозорците на еднокатницата во Раменско се наоѓале решетки, а некои од пациентите починале додека се обидувале да излезат од зградата.Бројни пациенти починале во своите кревети, објави Итар-Тас, додавајќи дека една медицинска сестра спасила двајца пациенти.Пожарите во државните установи во Русија (болници, старски домови и школи) последните години однесоа бројни човечки животи и ја покренаа расправата за мерките на безбедност.Повеќе од 12.000 луѓе починале во 2011 во пожари ширум Русија.
макфаксНајмалку 38 луѓе загинале во пожар, во психијатриска болница во Раменско, 120 километри северно од Москва. Причините з