Во пожар во фабрика за кибрити загинаа сите вработени и три деца

Властите во Индонезија соопштија дека најмалку 30 луѓе загинале во пожар во куќа, која освен за живеење, служела и како фабрика за кибрити. Пожарот избувнал во покраината Северна Суматра, а се наведува дека меѓу настраданите има и три деца. Голем број од жртвите се толку изгорени што не можат да се идентификуваат.
“Има 24 загинати , мислам дека станува збор за 21 возрасен и за три деца”, изјави претставникот на агенцијата за спасување на островот Суматра, објаснувајќи дека причините за пожарот не се познати. Во фабриката во која избувнал пожарот работеле околу 30 работници и како што јавуваат локалните медиуми никој не ја преживеал несреќата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.