Во пожар изгоре штала на коњичкиот клуб во Неготино, коњите се спасени

Во пожар изгорела штала од коњички клуб во Неготино, но коњите се спасени. Оваа информација ја потврди командирот на неготинската територијална противпожарна единица, Столе Атанасов.

На пожарот интервениравме со три противпожарни возила и осум пожарникари. Огнот е изгасен, но сепак наша екипа е се уште на лице место и го проверува теренот. Засега не се знаат причините за пожарот и материјалната штета, дополнително ќе се утврдуваат, појасни Атанасов.

Пронајдете не на следниве мрежи: