Во пожар на улица “Јордан Мијалков“ изгоре маж

Во пожарот кој избувна во дуќан за моторчиња и гуми на улицата “Јордан Мијалков“ зад трговскиот центар „Рамстор“ и кој го гаснеа четири противпожарни возила едно лице почина, а едно е полесно повредено, соопшти Министерството за здравство. Во просториите имало и моторно масло, па пожарникарите воделе битка со огнот за да не се прошири.
Починатото лице е маж кој во моментот на избувнување на пожарот, останало заробено во продавницата за гуми. И покрај обидите да го извлечат, пожарникарите не успеале во тоа.
На лицето кое било полесно повредено Брзата помош му ги санирала повредите по што било пуштено дома, велат од Министерството.

Пронајдете не на следниве мрежи: