Со употреба на домашно изработени експлозивни направи, група млади лица рано утрово ја нападнале полициската зграда во источниот дел на Атина, пренесе грчката новинска агенција „АНА“. Инцидентот се случил утрово во 2.30 часот. Очевидците раскажуваат дека напаѓачите ги фрлиле бомбите, по што почнале да бегаат.
Како што пренесе грчката агенција во инцидентот нема повредени, а полицијата покренала истрага.