Во поплавите кои ги погодија западните и централните делови на Јапонија досега загинаа 65 лица, а 45 се водат како исчезнати.
Спасувачите ја проширија потрагата за исчезнатите лица и за оние кои се заглавени поради свлечиштата и поплавите, а наредена е и евакуација на 4,3 милиони лица.
Во акцијата за спасување учествуваат 54.000 полицајци, пожарникари и припадници на крајбрежната стража, како и 40 хеликоптери.