Во превртен автобус во Црна Гора, 37 повредени

Синоќа околу 23 часот автобус од Никшиќ полн со патници се судрил со патничко возило “Мерцедес“, по што излетал од патот и се превртел. Автобусот е на превозникот “Глушиќ превоз“, а од патот излетал и се превртел кај местото Плевља во северна Црна Гора.
Според неофицијални информации никој од повредените не е во животна опасност, но во болница биле примени лица со тешки телесни повреди и скршеници.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: