Во Прилеп повреден малолетен велосипедист

Патничко возило во Пролеп вчера удрило единаесетгодишно дете, кое возело велосипед. По ударот детето се здобило со тешки телесни повреди. Сообраќајната несреќата се случила вчера претпладне, а околу 11:30 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците “Мукос“ и “Шаќир Војвода“ патничко возило “Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски таблички управувано од Р.Д.(19) од Прилеп удрило во 11-годишен велосипедист од Прилеп.
По здобиените повреди детето било пренесено во Градската општа болница Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.