Во Прилеп прегазен пешак

Седумдесет и двегодишен пешак со иницијали Б.К вчера околу пладне бил прегазен на улицата “Александар Македонски“ во Прилеп од страна на патничко моторно возило “Рено Клио“ со битолски регистерски таблички управувано од Ј.Ф. (23) од Прилеп.
Пешакот бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде лекар констатирал смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.