Во пукањето во семеен дом во американскиот град Денвер во средата, жена си ги убила своите две деца, а пота се самоубила, пренесува во четвртокот четвртиот канал на телевизиската мрежа CBC.Инцидентот се случи во средата наутро по локално време во северниот дел на градот. Според полицијата, жртвите во семејната трагедија се мајката Мајира Перез и двете нејзини момченца на возраст од шест и две години. Нивната тригодишна сестра е ранета и е хоспитализирана во критична состојба.Мотивите што ја натерале жената на овој налудничав чекор сé уште не се утврдени. Полицијата на Денвер во четвртокот соопшти дека уште ги испитува околностите во кои се одиграла трагедијата.Полицискиот потполковник Мет Мареј претходно во средата изјави за локалните медиуми дека „изгледа дека станува збор за изолиран инцидент“.Местото на злосторството се наоѓа во индустриска зона, опкружено со магацини и камионски терминал, во близина на комплекс за продажба на големо. Според соседите, куќата неодамна била продадена
MakфаксВо пукањето во семеен дом во американскиот град Денвер во средата, жена си ги убила своите две деца, а пота се самоубила, пренесува во четврт