Во престрелката што се случила во центарот на Савана повредени се 11 лица.
Пукањето било пријавено непосредно пред полноќ во близина на популарниот плоштад Елис во Савана, се вели во соопштението на полицијата на АП.
На повредените им била укажана помош на лице место, а „неколку“ од нив се пренесени во болница, соопшти полицијата.
„ВСАВ-ТВ“ објави дека се верува дека никој од повредените нема повреди опасни по живот.
Полицијата соопшти дека властите собрале докази и сослушале бројни сведоци, но досега за нападот не е уапсен никој.
Плоштадот Елис е во историскиот кварт на Савана, област популарна и кај туристите и кај локалното население.