Најмалку пет луѓе се убиени во пукотница во една банка на Флорида вчера, а осомничениот напаѓач е уапсен. Името на 21-годишниот осомничен не е е соопштено. Се работи за затворски стражар кој бил приправник и од Индијана бил префрлен на Флорида, наведува АП.
По влегувањето во банката “Сан Траст“ во градот Себринг тој почнал да пука, соопштил на прес-конференција шефот на полицијата во тој град, Карл Хоглунд, јавува “Ројтерс“, а пренесува “Танјуг“. Мотивот за злочинот и други детали за сега нема.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.