Во раце на полицијата утрово паднаа поранешен министер, нотари и службеници

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес“, сооштија од МВР утринава поочувајќи дека повеќе детали ќе бидат кажани подоцна во текот на денот.

Како што соопштија од медиумите во раце на полицијата паднале десетина лица, а меѓу нив е и екс министерот за трансорт Миле Јанакиески, но и Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на Општинскиот Комитет во Аеродром.

Повод за акцијата е истрага за  оттуѓување, односно продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што бузетот е оштетен за над 2,5 милиони евра.

Дел од медиумите пренесоа декауапсени се и државни службеници и нотари, има и еден сопственик на фирма.

Откриените нелегалности се однесуваат на три парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје. Проневера е извршена и со парцелата на која требаше да се градат шпанските скали во центарот на Скопје. Еден осомничен досега не е најден и прииведен, а останатите во моментов се во суд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.