Овој викенд во повеќе градови ширум Франција се одржаа деветите по ред антивладини протестите на француското движење „Жолти елеци“. На протестите учествуваа 84.000 лица, од кои 8.000 во Париз. Како што соопшти француското Министерство за внатрешни работи приведени се 244 лица.
Но, исто така, овој викенд на протестите за прв пат е претепан новинар. Во градот Руен е нападнат новинар на локалната телевизија. На снимката што се појави денес на социјалните мрежи, се гледа како група демонстранти го напаѓаат и претепуваат новинарот од телевизијата ЛЦИ.
Демонстрантите прво се нафрлаат на групата новинари, а откако еден од нив паѓа на тротоарот, тие почнуваат да го удираат со клоци. Нападнатиот новинар е однесен во болница и констатирани му се повреди на главата и телото.