недела, 29 ноември 2026
Најново

Во Руен “Жолтите елеци“ претепаа новинар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Овој викенд во повеќе градови ширум Франција се одржаа деветите по ред антивладини протестите на француското движење „Жолти елеци“. На протестите учествуваа 84.000 лица, од кои 8.000 во Париз. Како што соопшти француското Министерство за внатрешни работи приведени се 244 лица.
Но, исто така, овој викенд на протестите за прв пат е претепан новинар. Во градот Руен е нападнат новинар на локалната телевизија. На снимката што се појави денес на социјалните мрежи, се гледа како група демонстранти го напаѓаат и претепуваат новинарот од телевизијата ЛЦИ.
Демонстрантите прво се нафрлаат на групата новинари, а откако еден од нив паѓа на тротоарот, тие почнуваат да го удираат со клоци. Нападнатиот новинар е однесен во болница и констатирани му се повреди на главата и телото.

Поврзани вести