При уривање на станбена зграда во рускиот град Магнитогорск загинаа три лица, а околу 80 се водат како исчезнати. Според руското Министерство за цивилна заштита, вонредни состојби и справување со последиците од елементарни непогоди, целосно се урнати или оштетени 48 станови во зградата, во кои живеат 1.100 луѓе. Трагедијата, како што соопшти Министерството, најверојатно се случила заради експлозија на системот за гас. Тоа е за сега е единствената верзија за причините за инцидентот што се истражува.
Евакуирани се 60 лица, а студеното време дополнително ја отежнува спасувачката операција.