Во Русија оздравеа девет пациенти заразени со коронавирус

Според најновите податоци на оперативниот штаб, во земјата се регистрирани 199 случаи на зараза.

Во Русија веќе се пуштени од болница девет пациенти кои претходно биле заразено со коронавирус. Ова во петокот беше објавено на сајтот стопкоронавирус.рф кој Владата на Русија го стартуваше заради информирање на населението за ситуацијата поврзана со ширењето на вирусот во земјата.

„Девет луѓе оздравеа“, се вели во соопштението.

Тука не се вброени трите лица кои беа довезени во Русија од туристичкиот брод Diamond Princess, на кој коронавирусот се прошири нагло. И тие се пуштени дома.

Според најновите податоци на оперативниот штаб, во Русија се регистрирани 199 случаи на зараза. Повеќето пациенти имаат полесна клиничка слика.

Прочитајте и ова на иста тема:

Извор: Руска реч

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.