Во сабота, 25 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи четврти протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени.
-Собирно место на маршот е Градскиот парк во Кочани истиот ќе продолжи кон Трговскиот центар во Кочани. Толпата од луѓе ќе застане во Трговскиот Центар како знак дека местото на покојните им е во Трговскиот Центар , за да потоа продолжи кон Општина Кочани заради изразување на револт кон институционалното работење, ќе продолжи кон МВР за да им посочиме дека задоцнија со реакција во секоја смисла на зборот и ќе продолжи пред Основен суд Кочани барајки отчет за сработеното и неселективна правда, соопштија организаторите.
На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните.
Протестниот марш е четврти по ред, откако претходните саботи голем број кочанчани излегоа на улиците да дадат поддршка на семејствата на настраданите и побараа правда за случајот.