Во својот дом пронајден починат 24-годишник

Вчера во 14:50 часот Б.В. пријавила дека околу 13:00 часот на улицата „Победа” во Прилеп, во неговиот дом бил пронајден починат 24-годишниот Ј.С. од Прилеп, информираат од полицијата.
Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп бил извршен увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено за обдукција.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.