Во секој човек се води битка, како борба меѓу два волци, во секој од нас

“Во секој човек се води битка, како борба меѓу два волци, во секој од нас. Еден волк го преставува злото: тој е бес, завист, љубомора, жалење, лакомост, дрскост, самосожалување, вина, гревот, гневот, инфериорност, лага, лажна гордост, егоизам. Другиот волк го претставува доброто: е она што дава задоволство, мир, љубов, надеж, ведрина, понизност, добрина, добронамерност, љубезност, дарежливост, вистина, милост и вера. Малиот Индијанец се замисли за миг.
Сите свои мисли вредно ги насочи во длабочината на дедовите зборови, и го праша: – Кој волк победува на крајот? Стариот Chiroki одговори со насмевка на своето старо лице: – Победува секогаш оној што го храниш.

Индијанска легенда
Еден волк се насладувал со месото од неговиот плен, кога наеднаш му застанала малечка коска во грлото и тој не можел да ја голтне. За кратко време грлото почнало многу силно да го боли, а тој виејќи од болка, избезумено трчал напред – назад, очајно барајќи начин како да си ја ублажи болката. Кого и да го сретнел, го убедувал да му помогне и да му ја извади коската.
– Ќе направам се што ќе посакате – велел тој, – само извадете ја коската.
На крај чапјата се согласила да му помогне. Му наредила на волкот на легне настрана и да ги отвори челустите колку што може пошироко. Потоа го пикнала долгиот врат во грлото на волкот и со клунот успеала да му ја извади тенката коска.
– Сега ќе ја добијам ли ветената награда? – прашала чапјата.
Волкот ги наоштрил забите и и рекол :
– Биди благодарна што ја пикна главата во грлото на волк и ја извади цела. Тоа ти е доволна награда.
Благодарноста и алчноста не одат рака под рака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.