Во семејниот дом го нашол синот мртов

Вчера утрото околу 07:35 часот во Полициска станица Чаир, 29-годишниот М.М. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 06:00 часот во семејниот дом забележал дека неговиот син не дава знаци на живот. Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт. Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.