Во Сингапур мајка којашто во март, за време на бременоста била инфицирана од новиот коронавирус, роди бебе кое има антитела на коронавирусот SARS-CoV-2, но не и симптоми на болеста Covid-19.
Бебето е родено во октомври, и според стручњаците претставува нов доказ дека Covid-19 може да се пренесе од мајката на плодот. Се претпоставува дека мајката ги пренела своите антитела на плодот во текот на бременоста.
Светска здравствена организација (СЗО – WHO) и натаму не поседува научно потврдени сознанија дали мајката може да ја пренесе заразата на фетусот за време на бременоста или на бебето за време на породувањето. Досега не е пронајден викрусот во плодовата вода и во мајчиното млеко.
Американските лекари во октомври соопштија дека е реткост пренесувањето на Covid-19 од мајката на новороденчето.