Во скопско “Рено“ пронајдени 11 мигранти

На 02.02.2019 година во 22:30 часот на регионалниот пат Куманово –Свети Николе, полициски службеници се обиделе да запрат сомнително патничко возило “Рено“ со скопски регистарски таблички, но возачот не застанал.
По преземени мерки, возилото било пронајдено во Свети Николе. Во него полицијата пронашла 11 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш. Возачот М.Р.(26) од село Банско, Струмичко, се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.
Пред возилото со мигрантите се движело патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски таблички, чиј возач Т.И.(40) од село Банско исто така бил лишен од слобода. Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.