Во Скопје директен судар меѓу мотоциклист и автомобил

Вчера во 03:45 часот на крстосницата од бул.„Илинден“ и ул.„Аминта трети“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда„ без регистерски ознаки, управуван од Б.Л.(26) од Скопје и патничко возило „Дачиа Логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(53) од Скопје.
Во сообраќајката мотоциклистот Б.Л. и неговиот сопатник А.А.(27) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди.
Со возило на итна медицинска помош Б.Л. бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека А.А. бил пренесен во Градската општа болнца „Св.Наум Охридски“. Како што информираат од МВР двајцата се задржани на понатамошно лекување.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.