среда, 25 ноември 2026
Најново

Во Скопје изминатото деноноќие во 11 сообраќајки повредени четворица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Четири лица биле полесно повредени во четири од вкупно 11 сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца почетници. Исклучени се и 11 нерегистрирани и едно технички неисправно возило.
Санкционирани биле 30 возачи за неноселе сигурносен појас и 19 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле. Сообраќајната полиција санкционирала и пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, шест возачи за неправилно престигнување и двајца возачи за недавање првенство на минување на возилата во зона на крстосница.
Затекнати биле 100 непрописно паркирани возила, а со помош на специјалното возило „пајак”, отстранети биле 75 возила.

Поврзани вести