Во Скопје санкционирани 83 возачи

Полицијата во текот на вчерашниот ден спровела акциска контрола на територија на град Скопје при што изречени се 83 мерки против возачи поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

За возење над дозволената брзина санкционирани се тројца возачи, за возење без возачка дозвола седум возачи, а за возење под дејство на алкохол девет возачи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.