Подрачјето на Македонија се наоѓа на периферија од циклонска активност над Медитеранот, која во наредните два дена ќе услови променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови.
Од вторник времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло.
Како што соопшти УХМР, во текот на денот ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во југозападните делови попладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени. УВ=5
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во јужните и источните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 4.
Утринската температура ќе се движи во интервалот од три степени во Маврово до 14 во Гевгелија, а дневната од 13 до 22 степени.
Во Скопје слично време. Минималната температура ќе биде седум степени, а дневната 22 степени Целзиусови.