Во Словенија и официјално на 18 мај се отвораат градинките и училиштата

Министерството за образование, наука и спорт на Словенија објави дека на 18 мај и дефинитивно се отвораат училиштата и градинките.
Сите приватни и државни градинки ги прават последните подготовки за да можат за помалку од две недели да продолжат со нормална работа.
Што се однесува до училиштата, први на редовна настава ќе се вратат децата од прво, второ и трето одделение, а тие од девето со настава ќе продолжат на 25 мај.
Според најавите до крајот на оваа недела градинките и училиштата ќе ги објават сите детали околу повторното стартување на воспитно-образовниот процес. Националниот институт за јавно здравје излезе со насоки и стандарди за безбедност кои треба да ги исполнат образовните установи со цел да се спречи можното ширење на коронавирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.