Пратениците во парламентот на Словенија во средата доцна навечер изгласаа недоверба на конзервативната влада на Јанез Јанша и за нова мандатарка ја избраа челничката на Позитивна Словенија (PS) 43-годишната Аленка Братушек.
Аленка Братушек на тајното гласање како мандатарката за новата влада ја поддржаа 55 пратеници, а 33 беа против. За Братушек гласаа пратениците од нејзината партија Позитивна Словенија (PS), како и пратениците од Социјалдемократската партија (SD), Граѓанската листа (GL) и Демократската партија на пензионерите (DESUS), како и некои независни пратеници. Против беа пратениците од Словенската демократска партија (SDS) и партијата Нова Словенија (NSI).
Братушек дони 15-дневен рок во кој мора на парламентот му го предложи составот на својот владин кабинет. За тоа парламентот тогаш повторно ќе гласа, а сѐ додека не дојде до изгласување на довербата на новата влада тековните работи во техничкиот мандат ќе ја извршува владата на Јанез Јанша на којашто во средата навечер со именувањето на Аленка Братушек ѝ беше искажана недоверба.
Владата на Јанша во последните месец иполовина ја напуштија поголемиот број коалициски партнери, со што таа стана малцинска. Кризата на владата на Јанша и распадот на владејачката коалиција го предизвика објавувањето на извештајот на антикорупциската комисија на почетокот од јануари.
Според извештајот, Јанша не пријавил најмалку 210 илјади евра до кои дошол на необјаснет начин во времето кога бил државен функционер. Корупцискиот скандал доведе до барање да поднесе оставка, што Јанша го одби, тврдејќи дека аферата е поттикната за да биде политички дискредитиран и дека е неоснована.
Макфакс
Пратениците во парламентот на Словенија во средата доцна навечер изгласаа недоверба на конзервативната влада на Јанез