Во случајот “Диво насеље“ нема докази за тероризам, тврди адвокатот Миланов

Со исказ на адвокатите од одбраната во Апелацискиот суд во Скопје денес продолжи јавната седница по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво насеље. Според адвокатот Еленко Миланов основна грешка во оваа постапка е во Обвинителството и правната квалификација тероризам.
– Неспорен факт е дека имаме страшен настан, но исто неспорен факт е дека ниту како тероризам обвинителството не можеше ова да го докаже. Во Диво насеље полицијата појде да врши претрес по дадени наредби. На тој претрес се пружи отпор. Ова не е акт врз неопределени лица и институции кои не преземаат никакви дејствија. Не можеме тоа да го третираме како тероризам. Не еднаш е извршен оружен отпор на полициски сили, но немало тероризам. Сметам дека обвинителството не докажа акт на тероризам, изјави Миланов.
Тој посочи дека во текот на постапката се извршени голем број суштествени повреди, но сепак веројатноста да се укине пресудата е во промили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.