Во Собранието продолжува расправата за нацрт-амандманите

Денес во 11:00 часот Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи 64. седница со расправа по XXXV нацрт-амандман. Откако и тој ќе биде изгласан ќе започне дебата за XXXVI и последен нацрт-амандман предвиден со уставните измени. Синоќа пратениците со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани го усвоија нацрт-амандманот XXXIV на Уставот на Репубпика Македонија.
Пратениците од власта и од опозицијата не отстапуваат од своите позиции за и против промена на Уставот согласно Договорот од Преспа. Воздржано гласаа осумтемина пратеници од опозицијата кои го поддржаа отворањето на Уставот, условувајќи со процесот на простување и помирување. Доколку биде изгласан во XXXV нацрт-амандман на Уставот ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.