Во сообраќајка близу Куманово тројца тешко повредени

На 26.07.2019 околу 12:25 часот на локалниот пат Куманово-с. Горно Коњаре, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(52) од Куманово и патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. Ф. (22) од с. Горно Коњаре-Куманово.
По незгодата Г.Ј., А.Ф. и сопатничката во возилото ,,Пежо“ М. Ф. (41) биле пренесени во Ургентен центар-Куманово, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на лице место извршила екипа од ПС за БПС-Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.