Во сообраќајка во Србија загинаа татко и неговата 8-годишна ќерка

Во сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу неделата и понеделникот, околу 01:30 часот, на патот Текија-Кладово, општина Долни Милановац, загинаа романски државјани, меѓу кои и 8-годишно девојче.

Според романските медиуми, несреќата се случила кога се враќале во Романија од меѓународен натпревар во танц. Колоната ја предводел автобус со играорна група. Зад него имало уште два автомобили со родители и деца. Во еден момент, возач од Србија кој возел пијан, преминал на спротивната лента. Првиот романски автомобил за влакно го избегнал ударот, но вториот возач удрил директно во него. Во автомобилот имало четворица луѓе: татко, мајка, седумгодишно девојче и другарче на девојчето, јавуваат романските медиуми.

На местото на несреќата излегла брза помош од блискиот град во Србија. Во меѓувреме мајката на девојчето повикала брза помош во Романија, а во Србија биле испратени две амбулантни возила.

Немало спас за девојчето и нејзиниот татко.

Во несреќата загина и возачот на „Голф 4“ од Кладово, а неговиот сопатник е повреден.

Пронајдете не на следниве мрежи: