Во сообраќајка во Тетово загина осумнаесетгодишно момче

Во сообраќајна несреќа што се случила во неделата околу 22 часот и 30 минути на крстосницата на улиците “160“ и “161“ во близина на тетовската касарна загина осумнаесет годишно момче од Тетово. Во несреќата се повредени четири лица, од кои едно е со потешки повреди.
До несреќата дошло поради судар на две возила, “Ауди“ кое го управувал 17 годишник и “Рено Меган“ што го возел 19 годишник. Во сударот животот го загубил 18 годишниот Ш.Љ, сопатник во “Аудито“. Втор сопатник во “Аудито“ на 16 години добил тешки повреди, по што е однесен во Клиничкиот центар во Скопје, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
И двајцата возачи се примени во тетовската болница.
По пружената прва лекарска помош, возачот на “Аудито“ е пуштен дома, а 19 годишникот што го возел “Реното“ е задржан на лекување во тетовската болница. Во болница поради повреди останал и трет сопатник од “Аудито“. Во возилото “Рено“ имало тројца сопатници кои останале неповредени, изјави Јосифовски.
На местото на настанот увид направиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово. Причините за несреќата дополнително треба да се утврдат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.