Во сообраќајка во Хром повредено 11 – годишно девојче

Ученичка која вчера поминувала на пешачки премин во населбата Хром во Скопје околу 15 часот е удрена од автомобил марка “Југо“. Министерството за внатрешни работи утрово ја потврди информацијата.
Според полиицискиот билтен вчера во 15:30 часот на крстосницата од улиците “Војвода Васил Чакаларов“ и “Ангел Динев“ во Скопје, патничко возило “Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.