Во сообраќајка кај Катастар се преврте едно возило

Сообраќајна несреќа се случи утрово во Скопје во близина на Катастарот во Карпош, во која едно возило се превте и заврши на покрив. Биле повикани пожарникари да интервенираат и да ги извадат патниците од превртеното возило. Како што информираше командатот на противпожарната бригада, Владимир Симоновски во превртеното возила имало тројца патници, но тие не биле заглавени.
Пожарникарите не морале да интрервенираат со алат за сечење на возилото и брзо усепеале да ги извлечат патниците. За среќа сите се добро, рече Симоновски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.