Во сообраќајна несреќа во Скопје тешко повреден мотоциклист

Вчера на булеварот “Македонско-Косовска бригада“ се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ауди А4“ со скопски регистарски таблички управувано од 34-годишен скопјанец, мотоцикл “Јамаха“ исто така со скопски регистарски таблички управуван од 39-годишниот А.У. од Скопје и патничко моторно возило “Шкода Фелиција“ со скопски регистарски таблички управувано од 43-годишниот Р.Б. од Скопје.
Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил и возачот на “Ауди-то“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.