Во сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово повредени три лица

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила на региналниот пат Скопје-Тетово кај село Семениште.
Несреќата била пријавена во 19:15 часот, а во истата учествувале “БМВ“ со австриски национални ознаки, управувано од Х.И.(20) од Скопје и “Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(39) од с.Буковиќ, скопско.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А., а сопатникот од истото возило Ф.А.(37) и возачот на другото возило Х.И. се здобиле со телесни повреди, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.