Во Србија регистрирани 11 заболени лица од западнонилска треска

Во Србија се регистрирани 11 случаи на заболени од западнонилска треска, од кои девет се потврдени, информираа од Институтот за јавно здравје на Србија „Др.Милан Јовановиќ Батут“.
Според податоците на Институтот, од потврдените случаеви на заболени, четворица се регистрирани во Белград, пет во Јужен Банат, и по еден во Јужна Бачка и во Подунавскиот округ, или осум мажи и три жени на возраст од 43 до 83 години.


Од 29 локации во Србија на кои се собрани комарци кои го носат вирусот Западе Нил, 20 локации се во Белград, седум во Панчево и селата Јабука и Глогоњ, населени претежно со македонското малцинство, и по една локација во Нови Сад и Зрењанин.
Од 2012 година кога првпат во Србија е евидентирана инфекција од овој вирус, па се до 2017 година, во Србија се регистрирани 574 случаи на лица заболени од западнонилска треска, од кои 61 лице е починато.
Поголемиот број на инфицирани немаат никакви симптоми, додека помал број заразени имаат симптоми слични на грипот.
Кај помалку од еден процент заразени се јавува менингитис и енцефалитис.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.