Во Србија уапсен 30-годишник, кој му се заканувал на Вучиќ со снајпер

Припадниците на српската Безбедносно-информативната агенција (БИА), во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал и Министерството за внатрешни работи, вечерва го уапсиле М.П. (1990) од Параќин.
Тој е осомничен дека сторил кривично дело Загрозување на безбедноста од член 138 став 3 од Кривичниот законик на Република Србија.


Осомничениот се товари дека преку социјалната мрежа Фејсбук, меѓу другото, во повеќе наврати објавувал и повикувал на убиство со снајпер на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
Со брза реакција на припадниците на Безбедносно-информативната агенција и припадниците на МВР, лицето е приведено и ќе биде задржано во притовор во траење од 48 часа по консултација со дежурниот обвинител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.