Новите 426 новозаразени од коронавирус, осум смртни случаи и зголемувањето на бројот на заразени пациенти на респираторите, е 24 часовниот биланс на епидемиолошката состојба во Србија за денес.
Во изминатите 24 часа, според официјалните податоци, извршени се 11.521 тестови, од кои 426 се позитивни за ковид-19, рече министерот за здравство, Златибор Лончар, изјавувајќи дека 205 лица биле на респиратори, што досега оваа бројка е најголема.
Според официјалните податоци кои што се достапни за јавноста, Србија досега тестирала над 580.000 лица, регистрирани се 22.031 случаи со ковид-19, 499 смртни случаи со што стапката на смртност е 2,26 проценти.
Пронајдете не на следниве мрежи: