Во стравична автобуска несреќа во Турција загинаа најмалку 11 патници – најверојатно возачот заспал зад воланот

Најмалку 11 лица се загинати, а 24 повредени кога патнички автобус удрил во мост во областа Полатли, кај Анкара.Автобусот удрил во столб под мостот околу 5 часот по локално време, во правец кон Ескишехир.На местото пристигнале пожарникари и спасувачки екипи.Гувернерот на Анкара, Васип Шахин рече дека според првите информации, возачот најверојатно заспал зад воланот, бидејќи нема индикации дека се обидел да го закочи возилото.

Пронајдете не на следниве мрежи: