Најмалку шест лица загинале во пожар во психијатриска болница во украинскиот пристанишен град Одеса, соопштија локалните власти. Службата за вонредни ситуации соопшти дека четворица повредени се хоспитализирани.
Локалната телевизија извести дека меѓу шесте настрадани двајца се лекари.
Се уште не се знае причината за пожарот. Полицијата отворила истрага за можните прекршувања на правилата за безбедност. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази жалење за несреќата и повика на итна истрага за случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.