![](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/04/osmani-bilbord-600x368.png)
Денеска околу 10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека со боја е оштетено рекламно пано-билборд на кандидатот за претседател, Бујар Османи, информираа од СВР Струмица.
Билбордот е поставен во центарот на градот на крстосницата од улиците „4-ти Јули“ и „Ленинова“ во Струмица.
Во соопштението од полицијата се наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.