понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Во студентски дом ќе може да престојуваат само студенти до 30 години – построги услови со предложените законски измени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Собранието се доставени измени на Законот за студентски стандард со кои се заоструваат условите за сместување во државните студентски домови и се утврдува горна старосна граница од 30 години за добивање и користење на место во дом.

Предлог-измените предвидуваат изрекување воспитни мерки и забрани за престој при прекршување на домскиот ред, како што се:

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

пушење во собите,внесување и употреба на алкохол,оштетување инвентар,пуштање гласна музика инеуредно одржување на хигиената.За потешки повреди може да се изрече забрана за користење на услугите на студентските домови на целата територија на државата во траење од една до пет години. Такви повреди се, меѓу другото, внесување и употреба на алкохол во собите, отстапување на соба на друго лице со остварување материјална корист и нередовно плаќање станарина.

Во измените се предвидени санкции и за:

ненавремено пријавување дефекти на уредите што можат да предизвикаат материјална штета,внесување и употреба на наркотични средства,непочитување прописи за заштита од болести,пожар и експлозија,штетно дејствување на отрови и други опасни материи,прекршување на прописите за заштита на животната средина.Забрани ќе следат и за навредливо, заканувачко, агресивно или насилничко однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација и друго недолично постапување, при што во предлогот се наведуваат и дополнителни прекршувања.

Измените на Законот за студентски стандард, поднесени пред три дена, се со потпис на четири пратенички од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести