Вчера околу 15:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Пекланска река-Бигла се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл “Кавасаки“ управуван од Д.Г.(27) од Виница и патничко моторно возило “Рено“ со делчевски регистарски таблички управувано од Г.С.(48) од с.Драмче-Делчево.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој со возило на Итна медицинска помош – Виница бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобила Ј.П. од Делчево сопатник во возилото.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Виница и се работи на целосно расчистување на случајот.