Во судир на товарен воз и автобус двајца повредени

Во железничката несреќа која се случи вчера околу 10:15 часот во село Свиларе, Скопско на патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево со повреди се здобија две лица. Товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од село Грчец, Скопско.
Возачот и еден патник во автобусот со иницијали М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза”. Железничкиот сообраќај бил во прекин од 10:15 до 15:20 часот.

 

ПОСЛЕДНИ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.